„Блумберг“: Грција издава обврзници со рок на доспевање од 30 години

Евра/ Фото: EPA/J.J. Guillen

Грција, за првпат од 2008 година, издава обврзница со најдолг рок на доспевање, заокружувајќи го целосното враќање на земјата на меѓународните пазари на долг, пренесува „Блумберг“.

– Владата продава 30-годишни обврзници преку банки, што може да биде можност за инвеститорите да соберат приноси што најверојатно ќе бидат највисоки во еврозоната, пишува „Блумберг“, додавајќи дека Грција ги следи другите земји во еврозоната кои во моментов користат ниски трошоци за задолжување за финансирање на пандемично закрепнување.

„Блумберг“ гледа на продажбата на државни обврзници со рок на доспевање од 30 години како знак дека Грција постигнала значителен напредок во изминатата деценија.

Агенцијата додава дека за оваа хартија од вредност имало огромен интерес кај инвеститорите, кои доставиле налози за набавка преку банки во износ од над 17 милијарди евра (20,3 милијарди долари), што ја илустрира нивната долгорочната доверба во грчката економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот