Близок соработник на Путин поднесе оставка

Кудрин и Путин/ Фото Alexei Druzhinin / Sputnik / Profimedia

Алексеј Кудрин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, стана последниот во низата високи руски функционери што поднесоа оставка.

Кудрин беше шеф на комитетот за ревизија на Русија, а претходно беше министер за финансии и вицепремиер. Како што пренесува „Ројтерс“, изворите сугерираат дека по заминувањето од владата тој би можел да биде вработен во рускиот технолошки гигант „Јандекс“.

Кудрин беше близок соработник на Владимир Путин во текот на неговата кариера, а денес стана највисокиот владин функционер кој поднесе оставка по инвазијата на Украина. Кудрин рече дека сака да се фокусира на „големи проекти“ и додаде дека се уште не одлучил што ќе прави по оставката.

Но, тој нагласи дека оставката е негова одлука: „Да, тоа беше моја иницијатива. Барам нови, интересни проекти на кои ќе се посветам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот