Близок соработник на Ал Багдади е уапсен во Турција

Фото: Профимедиа

Близок соработник на убиениот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади е уапсен во Истанбул, соопшти денеска турската полиција. Во соопштението се прецизира дека авганистанскиот државјанин е идентификуван само со тајното име Басим, кој беше уапсен во средата во областа Аташехир од азиската страна на градот.

Медиумите известуваат за акцијата на турската разузнавачка служба наведуваат дека осомничениот учествувал во криењето на Ал Багдади во сириската провинција Идлиб по падот на Исламската држава во 2019 година, пренесува АП.

Ал Багдади беше убиен во рација на скривалиште во Сирија, спроведена од американски специјалци во октомври истата година.

Турските медиуми објавија фотографија на ќелав човек со брада по апсењето и фотографија на наводно истата личност од претходниот период, со долга коса, густа брада и во маскирна облека како мавта со закривен меч.

Новинската агенција Демирорен објави дека Басим е осомничен за организирање обука за Исламската држава во Сирија и Ирак, како и дека тој бил во управниот одбор на таа терористичка организација која донесувала одлуки.

Агенцијата додава дека тој влегол во Турција со лажен пасош и лажна лична карта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот