Бизарна несреќа во Белорусија: Бремена жена загина во фабрика на интервју за работа
Во фабрика за кабли и електроди во Белорусија се случи бизарна несреќа во која животот го загуби бремена жена која во објектот дошла на интервју за работа.
Препорачано
Младата трудница (21) починала во текот на разговорот за идната работа кога косата и се заплеткала во фабричка машина во погонот на „Свармет“ во Борисов.
Имено, додека и ја покажувале фабриката, косата и се завртела околу вратот и се заплеткала во една од машините во фабриката. Од силината на повлекувањето, машината и го скинала скалпот, а несреќната девојка подоцна им подлегнала на повредите.
Pregnant woman, 21, is strangled by her own HAIR while applying for work in Belarushttps://t.co/Icyq6z7MjG
— NewsFinale (@news_finale) February 3, 2022
-Да не останеше без скалп, нејзината коса ќе ја задавеше на самото место“, рече мајката на Умида Назарова, додека нејзиниот татко ги обвини работниците во фабриката дека не ги почитувале безбедносните мерки.
„Виделе дека има долга коса, зошто тогаш не и дале нешто да се покрие“, запраша тој и додаде дека фабриката е одговорна за смртта на две лица, зошто неговата ќерка била во седмиот месец од бременоста.
Фабриката ги платила трошоците за погребот, а неименуван шеф на производството во фабриката е казнет поради „неисполнување на должноста и невнимателен став кој довел до смрт на лице“.


