архивско фото: МИА

Битолчанец вработен во училиште е осомничен за детска порнографија, го „уловиле“ австралиски полицајци преку интернет

Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. Случајот дошол по известување од австралиската федерална полиција, која го открила преку интернет.

„Осомничениот 31-годишник, кој бил инаку вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 01.04.2026 година на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца“, соопштуваат од Обвинителството.

Од таму објаснуваат дека австралиските служби спровеле операција за откривање на корисниците на ИП адреси, кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците.

„Притоа биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ИП адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи. Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија“, стои во соопштението.

За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за да му се определи притвор.

Претреси за детска порнографија во повеќе градови, меѓу осомничените наводно има и луѓе познати во јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот