Тепачка / илустрација /

Битолчанец е обвинет за обид за убиство: со остри предмети си ги нападнал децата, во станица им скокнал и на полицајците

СВР Битола поднесе кривична пријава против 42-годишен битолчанец поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 18 февруари 2026 година во семејниот дом во Битола, каде што живеат неговите деца. Осомничениот В.Ф. со остри предмети ги нападнал својот 21-годишен син и 16-годишната ќерка.

Следниот ден, на 19 февруари 2026 година, при службен разговор во Полициската станица Битола, осомничениот оштетил дел од инвентарот и физички нападнал полицајци.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот