Битиќи: Многу компании ќе затворат ако не увеземе работна сила

Фото: Слободен печат

Увозот на квалификувана работна сила е неопходен за да имаме конкурентно стопанство, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи. Либерализација на пазарот на трудот е тренд и во земјите околу нас. Мора да ги заштитиме компании со обучени кадри оти им се заканува затворање, дополни Битиќи.

„Јас кажав пред некој ден, имаме недостиг од 10.000 работници, не можеме да оставиме нашите стопанственци да останат неконкурентни, кога другите земји во регионот го прават истото, каде има работна сила која доаѓа од регионот или далечните региони оти компаниите мора да брзаат во креирање на својата конкурентност. Ако ова не го направиме за две до три години за жал ќе биде уште потешка состојбата, затоа што доста од компаниите ќе треба да затворат оти не ќе можат да издржат. Затоа велиме дека евентуалниот увоз тоа го нарекуваме либерализирање на пазарот на труд, овозможува да се зголемува конкурентноста на нашите компании за да креираат нови работни места. Но, секако нашите граѓани секогаш ќе бидат на прво место, но заедно со нив треба да работиме на нивна доквалификација“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи денеска посети една компанија за производство на стакло која работи во склоп на ТИРЗ- Тетово.

Од менаџерскиот тим на компанијата велат дека во нивниот производствен процес имаат проблем со недостиг на обучени кадри.

„Подготвени сме секогаш за нови кадри кои можат да работаат на ваков тип на машини како во нашата компанија и во овој дел очекуваме помош од државата која може да делува, односно помогне во носење на кадри од странство по потреба“, додадоа од менаџерскиот тим на компанијата за производство на стакло.

Битиќи пак дополни дека проблем е што голем дел од невработените кои се активни баратели на работа во Агенцијата за вработување, се луѓе кои или имаат завршено само средно или основно или пак воопшто немаат завршено образование. Со нив мора да се работи на квалификација или преквалификација.

„Структурата на невработените во државата и нивните вештини и знаења не одговараат на новите текови на економијата на новата ера на индустријализација. Само за споредба, 57 % од невработените кои се регистрирани како активни баратели на работна сила се со никакво образование или само со основно образование , над 17 се со незавршено или со завршено средно образование, тоа не носи до 75 % од активните баратели на работна сила да се неквалификувани. Со нив треба да се работи на квалификација и преквалификација за одредени работни места“, рече вицеприерот Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот