Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика / Утрински брифинг

Бислимоски: Нема да има покачување на сметките за струја доколку се одржи планираното производство

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска оцени дека доколку АД ЕСМ го одржи планираното производство на електрична енергија нема да има по 31 декември потреба од ново зголемување на цената на струјата.

-До 31 декември цената на електричната енергија која ЕСМ и ја продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час , рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во РКЕ.

Тој нагласи дека РКЕ ќе направи сериозни анализи пред носење на каква било одлука за цената на струјата.

Како што кажа Бислимовски, тој е против основните и средните училиштата, јавните комунални претпријатија и компаниите кои Владата ќе смета дека треба да им се помогне да се вратат на регулираниот пазар.

-Сметам дека апсолутно треба да им се помогне, но тоа треба да го направи ЕСМ преку својата компанија ЕСМ Продажба која има лиценца за снабдување со електрична енергија и да им понуди цени кои се исти или повисоки од оние на регулираниот пазар. Така ќе им се помогне на многу поедноставен начин. Доколку, пак, тие се вратат на регулираниот пазар ЕСМ ќе треба да продава електрична енергија на ЕВН Хоум по цена од 48 евра за мегават час и во тој случај дополнително би се направил притисок на цената на електричната енергија за домаќинствата поради зголемувањето на трошокот за маржа, рече Бислимоски.

Маржата на тој начин, потенцира ќе се зголеми за пет до седум милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот