Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од 1 процент
Конечната цена на електричната енергија сè уште не е готова, но според согледувањата на Регулаторната комисија за енергетика таа ќе има само мало поместување.
Препорачано
– Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент – изјави на денешната прес-конференција Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Тој информира дека е намалена цената за пренос на електрична енергија, а од друга страна ЕСМ ја продава поскапо струјата на ЕВН хоум.
– Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарина затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум-изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Тој рече дека во следните денови ЕВН хоум како универзален снабдувач до Регулаторната комисија за енергетика ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи.


