Билки кои ја бркаат негативната енергија и штитат од зли намери: Барем една мора да имате во домот!

Фото: Профимедиа

Изгледаат убаво, а верувањето вели дека тие дури и го штитат домот…

Просториите во кои престојуваме, а особено оние во кои сме многу често можат да влијаат на расположението.

Од тоа како е уреден просторот кој не опкружува зависи како ќе се чувствуваме.

Според народното верување, овие билки ја имаат таа моќ да го заштитат вашиот дом од негативна енергија….

Доколку ги немате, навремено набавете барем една од овие билки…

Лаванда

Фото: Профимедиа

Го подобрува квалитетот на сонот, па се користи за лекување на несоница, депресија и нервоза. Испрскајте ја перницата со етерично масло од лаванда и обезбедете си мирен сон.

Рузмарин

Фото: Профимедиа

Доколку започнувате нова работа или сте запознале нова љубов, време е за малку рузматин бидејќи се вели дека тој го олеснува почетокот. Покрај тоа што привлекува љубов и страст, ја поттикнува и меморијата и доброто расположение. Распоредете неколку гранчиња по куќата или едноставно одгледувајте го како собна билка.

Бамбус

Фото: Профимедиа

Симболизира добра среќа и просперитет. Ставите гранчиња бамбус во темните агли од собите со цел да ја избркате негативната енергија.

Босилок

Фото: Профимедиа

Босилокот е познат како билка која ги брка злите духови, доволно е да запалите малку босилок во својот дом и да го оставите да делува.

Алое вера

Фото: Профимедиа

Се смета дека оваа билка е најсилна во бркањето на лошите вибрации. Привлекува просперитет и позитивна енергија каде и да се наоѓа во вашиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот