Билчик: Ако нема работа и резултати, тогаш поглавјата не се отвораат, крај на приказната

Билчик додаде дека ЕУ очекува „итно формирање на нова влада во Србија и конституирање на сите парламентарни тела“.

Фактот што Србија не отвори ниту едно поглавја во преговорите за членство во Европската унија во 2020 година говори само за себе, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, словачкиот европратеник, Владимир Билчик за Н1 и повика на формирање на нова српска влада и конституирање на парламентарни тела што е можно поскоро, пренесе Бета.рс.

Кога станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата и другите реформи, Билчик наведува дека ако нема напредок, тогаш нема да се отворат нови поглавја.

-Тоа е многу јасна порака до вас! Ниту едно поглавје не е отворено. Ако нема работа и резултати, тогаш поглавјата не се отвораат. Крај на приказната. Мислам дека е многу јаснорече Билчик.

Билчик додаде дека ЕУ очекува „итно формирање на нова влада во Србија и конституирање на сите парламентарни тела“.

-Изборите беа во јуни, сега е септември. Останаа уште неколку месеци до крајот на годината, ако Србија има намера да стори нешто, ако има намера да отвори барем уште едно поглавје, мора да видиме дека се работи на тоа, како и резултатите од таа работа- нагласи Билчик, пренесува Бета.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот