Биелса го фали „оскаровецот“ Алиоски: Џани игра со огромна страст
Лидс и Арсенал во вчерашната пресметка одиграа без голови, а во главната улога на теренот на „Иланд роуд“ беше македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски. Имено Алиоски со малку „актерство“ успеа да изнуди црвен картон од играчот на Арсенал, Никола Пепе кој го удри со глава македонскиот репрезентативец.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Патрис Евра кој сега работи како аналитичар на Скај Спортс потенцира дека Алиоски има актерски способности.
– Алиоски заслужува оскар. Начинот на кој падна беше како Пепе да му го имаше скршено носот – рече Евра.
Но, тренерот на Лидс, Марсело Биелса е презадоволен од играта на Алиоски и откри дека екипата започнала преговори за нов договор со македонскиот репрезентативец.
– Ништо не е различно кај Џани, зашто тој можеби ги користи сите ресурси, кои јас на пример не ги приметувам. Може да кажам, како и многу пати претходно, дека Алиоски е фудбалер со огромен ентузијазам и страст на теренот секогаш оставајќи го најдоброто од себе, максимално корисен за екипата – изјави Биелса.