БИДИ ДАМА, РЕКОА: Го гледавте ли најпопуларното видео во моментов? (ВИДЕО)

„Само биди дама!“ Колку пати сте ја слушнале оваа реченица?

„Биди дама велат. Здолништето ти е прекратко. Деколтето ти е предлабоко. Пантолоните ти се претесни. Не покажувај толку кожа. Не ги покажувај бедрата. Не ги покажувај градите. Не го покажувај стомакот. Не го покажувај деколтето. Не ја покажувај долната облека. Не ги откривај рамената. Покриј се. Остави малку за имагинацијата. Облечи се скромно. Не предизвикувај.
Мажите не можат да се контролираат. Мажите имаат потреби.

Изгледаш непривлечно. Опушти се. Покажи малку кожа. Изгледај секси. Изгледај атрактивно. Не биди толку провокативна. Сама бараш невоља. Носи црно. Носи потпетици. Премногу си дотерана. Не си се дотерала. Не носи хеланки, изгледаш како да си се запуштила.

Биди дама, велат. Не биди премногу дебела. Не биди премногу слаба. Не биди преголема. Јади. Ослаби. Престани да јадеш толку. Не јади пребрзо. Нарачај салата. Не јади јаглени хидрати. Прескокни го десертот. Мораш да ослабеш. Да влезеш во тој фустан.

Биди на диета. Внимавај што јадеш. Јади целер. Џвакај мастика. Пиј многу вода. Мора да влезеш во тие фармерки. Боже, изгледаш како костур. Зошто едноставно не јадеш? Делуваш слабо. Изгледаш болно. Изеди хамбургер. Мажите сакаат жени со месо на коските. Биди малечка. Биди лесна. Биди женствена. Биди големина „нула“. Биди дупла нула. Биди ништо. Биди помалку од ништо.

Прочитајте и...  Мајк Тајсон се присети на ситуацијата кога Бред Пит го молел да не го тепа! (ВИДЕО)

Биди дама, велат. Отстрани ги влакната од телото. Избричи ги нозете. Избричи ги пазувите. Избричи ги препоните. Депилирај го лицето. Депилирај ги рацете. Искуби ги веѓите. Ослободи се од обетките. Избели го ова. Избели го она. Осветли ја кожата. Покриј ги лузините. Покриј ги стриите. Зголеми ги усните. Ботоксирај ги брчките. Затегни го лицето. Стисни го стомакот. Подигни ги градите. Изгледај природно. Биди своја. Премногу се трудиш. Изгледаш претерано нападно. Мажите не сакаат девојки кои премногу се трудат.

Биди дама, велат. Носи шминка. Стави пудра. Сокри го руменилото. Истакни ги јаболчниците. Нашминкај ги очите. Израмни ги трепките. Пополни ги веѓите. Продолжи ги трепките. Обој ги усните. Пудра, руменило, бронзер, хајлајтер. Косата ти е прекратка. Косата ти е предолга. Врвовите ти се испукани. Извлечи прамени. Исфарбај ја. Не во сино, тоа изгледа неприродно. Изгледај младо. Старото е грдо. Мажите не сакаат грдо.

Прочитајте и...  Дали е сигурно да се носи хируршка маска повеќепати и на кој начин да ја исперете платнената?

Биди дама, велат. Чувај се. Биди чиста. Биди девица. Не зборувај за секс. Не флертувај. Не спиј наоколу. Сочувај го достоинството. Не спиј со премногу мажи. Не се продавај. Мажите не сакаат такви. Не биди внимателна. Не биди толку тесноградна. Смеј се повеќе. Угоди им на луѓето. Биди искусна. Биди сексипилна. Биди невина. Биди валкана. Види кул девојка. Не биди како останатите девојки. Биди дама, велат. Не зборувај прегласно, Не зборувај премногу. Не плаши се. Зошто си толку лоша? Не биди кучка. Немој толку да наредуваш. Не биди толу емотивна. Не плачи. Не викај. Не пцуј. Издржи болка. Не жали се. Здипли му ја облеката. Направи му вечера. Направи го среќен. Тоа е женска работа. Ќе бидеш добра жена еден ден.

Прочитајте и...  Повторно се враќа трендот кој направи „хаос“ во модниот свет и ги подели мислењата! (ФОТО)

Земи го неговото презиме. Ги зеде двете? Луда феминистко. Подари му деца. Не сакаш деца? Ќе сакаш еден ден. Ќе се предомислиш. Биди дама, велат. Не дозволувај да те силуваат. Не пиј премногу. Не излегувај доцна. Немој да се напиеш. Немој да им се насмевнеш на непознати. Не излегувај ноќе. Не верувај му на никој. Немој да кажеш ДА. Немој да кажеш НЕ. Само биди дама, велат.“

Текстот го напиша Камила Реинвил, а го рецитира американската актерка Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во серијата Сексот и градот. Видеото кое првично се појави на видео платформата Вимео досега има милион прегледи, а со така високи бројки котира и на социјалните медиуми, каде веќе и вирално се споделува.

Be a Lady They Said from Paul McLean on Vimeo.

Прочитај повеќе

Кралицата денес ја обожава Кејт, а порано за неа зборуваше дека е мрзлива – Поради тоа Вилијам и дал интересен прекар!

Слободен печат

Во осумдесетите мажите лудуваа по неа, а таа сега се сврши со долгогодишната девојка (ФОТО)

Васко Спасоски

Ги нарекуваа „недопирливи”, беа најпопуларен пар, а потоа актерот ја остави во емисија во живо

Слободен печат

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Совети за учење на италијански јазик и готвење на италијански начин од Рената Трајчевска (РЕЦЕПТ)

Јасмина Кантарџиева Димков

Се мажи Сораја: Еве на кого е забрането да дојде на свадбата! (ФОТО)

Васко Спасоски

Овие хороскопски знаци одат СО ГЛАВА НИЗ ЅИД, за нив зборот предавање не постои!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Каква штета: Поради коронавирусот, ова младо тигарче го крстија Ковид! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Посни домашни бајадери – Неверојатно вкусни, се топат во уста!

Слободен печат

Да не беше храбрата девојка, едно девојче ќе беше киднапирано: Погледнете го овој среќен крај! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Постои научно објаснување зошто луѓето ги изневеруваат личностите кои ги сакаат

Слободен печат

Истражување откри колку време е потребно за да се преболи раскинување на врска

Слободен печат

Мајк Тајсон се присети на ситуацијата кога Бред Пит го молел да не го тепа! (ВИДЕО)

Слободен печат