Фото: Pixabay

Би-би-си: Како Хрватска, но поевтини – места за одмор што се тренд во 2026 година

Оваа година, многу луѓе бараат „автентични“ искуства до одморот во странство, наместо туристички стапици со сè вклучено (all-inclusive), според податоците на ABTA, здружението на британски туристички агенции.

ABTA, исто така, вели дека двајца од пет Британци планираат оваа година да одат на одмор во земја во која никогаш не биле.

Ова се случува во време кога војната на Блискиот Исток некои ги тера да се префрлат на европските дестинации, додека предупредувањата за потенцијален недостиг на гориво за авиони и високите трошоци за живот целосн ги одвраќаат другите од одмори.

Би-би-си истакнува неколку локации „ако барате исплатлива и малку необична дестинација ова лето“ во Европа.

Црна Гора

Црна Гора се наметнува како една од најбараните дестинации, особено кај помладите. Со кратки растојанија, нуди комбинација од плажи, планини и градови, што овозможува повеќе искуства во едно патување. Цените се пониски од традиционалните медитерански дестинации, што ја прави привлечна алтернатива за туристи со ограничен буџет.

Балтички брег

Паралелно, расте интересот за балтичкиот брег (Естонија, Финска и Литванија) каде туристите наоѓаат помирна атмосфера, пониски температури и културни искуства. Иако не се класични летни дестинации, тие нудат комбинација од природа, историја и нов тип на туристичко доживување.

Албанија

Албанија исто така бележи нагорен тренд, со плажи, историски градови и цени што се значително пониски од многу популарни европски дестинации. Туристите ја опишуваат како место каде за исти пари добиваат повеќе – и одмор и авантура.

Шпанија

Во меѓувреме, и северот на Шпанија станува сè попривлечен за оние што сакаат да избегнат масовен туризам. Региони како Астурија и Ла Риоха нудат комбинација од плажи, зелени предели и гастрономија, но без гужвите што ги носат најпознатите туристички центри.

Трендот е јасен – туристите повеќе не бараат само дестинација, туку искуство, а сè почесто тоа го наоѓаат надвор од најекспонираните и најскапите туристички мапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот