Реката Вардар / Фото: илустрација / Слободен печат

Човечко тело е пронајдено во реката Вардар кај велешкото село Уланци

Пронајдено е безживотно тело во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес.

„Денеска во 14:30 часот е примена дојава за безживотно тело во реката Вардар кај селото Уланци. По пристигање на местото, лешот е изваден од водите и предаден на службите“, соопштија велешките пожарникари.

На терен дејсвуваа двајца пожарникари спасители и едно возило.

Како што пренесуваат дел од медиумите, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес ги презема првичните истражни мерки.

Издадена е наредба за обдукција за утврдување на причините за смртта и утврдување на идентитетот на пронајденото безживотно тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот