Безбедносната состојба се затегнува, вели Пендаровски, алудирајќи дека Русија уфрла провокатори на протестите

протести скопје француски предлог вмро дпмне левица
Протест против францускиот предлог / Скопје, јули 2022 / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Тоа што го знам и го добивам од безбедносните органи е дека постојат елементи кои во земјава доаѓаат од регионот. Северна Македонија во овој момент е под интензивирани хибридни напади слични на нивото кое го имавме во 2018 година“, изјави претседателот Стево Пендаровски вп вечерашното гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ21.

„Северна Македонија во овој момент е под интензивни хибридни напади, слични на нивото што го имавме во 2018 година кога организиравме референдум за името и тоа нема никаква врска со луѓето кои протестираат. Пред два дена на социјалните мрежи имаше објави за луѓе во Гостивар и Тетово во униформи на УЧК и сега тоа го врзуваат со изјавата на Османи… Нема врска со УЧК, ниту некој добива закани“, рече тој.

Претседателот вели дека „Руската Федерација ги злоупотребува протестите“ и информира дека има луѓе од други држави кои се дојдени да предизвикуваат инциденти.

„Трети страни, прецизно Руската Федерација, го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. Имаме неколку луѓе кои се дојдени од соседните држави и предизвикуваат инциденти на протестите, рече претседателот и додаде дека овие податоци ги знаат сите надлежни органи и во соработка со НАТО се прави сѐ за тоа да се превенира, бидејќи и оттаму се добиваат информации за тоа кој пристигнал.

Пендаровски посочи дека на самите протести има некои симболи, обележја, со кои, како што рече, „се заговара втор 27 април, но и реванш за 2001 година“ и додаде дека тие идеи „почнуваат да се кодираат“.

„Во ова време сега, кога имаме брутална руска агресија во Украина, а ти повторно да играш на руска карта и да не водиш сметка за интересите на својата држава…“, рече Пендаровски и додаде дека „безбедносната ситуација во Северна Македонија се затегнува“.

Осврнувајќи се на севкупната состојба во земјава, претседателот оцени дека во моментов „на тацна да ти даваат власт во Македонија без избори, треба да одбиеш, ако си нормален“.

„Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на сѐ“, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот