„Бев дете кога се разведов и имав трауми“: Кристина се отвори за бракот со Даниел Кајмакоски
Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, манекенката и пејачка Кристина Димитријевска, се отвори за бракот и разводот со пејачот и рече дека имала трауми.
Препорачано
„Јас млада се разведов затоа што не живеам во нешто лажно, ниту поради некој друг. Вредноста е кога навистина си тоа што се претставуваш“, рече манекенката во емисијата „Нешто конкретно“.
„Јас бев прилично млада, имав 22 години кога се разделив. Во тој момент, бидејќи многу работи испуштив затоа што бев посветена на домот и на сопругот, морав да го запишам првиот факултет, да земам возачка, да земам неколку различни стипендии и лиценци и да работам паралелно.
Да не се лажеме, тоа е навистина психички тежок период. Треба да се излечиш од сето тоа и да бидеш здрав, пред сѐ, за своето дете. Мојот син во тоа време имаше една година. Ти си дете, имаш дете и имаш трауми.
Така што, немав време да мислам на некого или пак некој да мисли на мене. Да сум таков тип, јас не би се омажила на 17 години, туку би живеела живот кој е слободен“, рече Кристина и додаде дека најголемата поддршка ја добила од мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ.
„Тие се сѐ што сум јас“, рече манекенката и пејачка.

На прашањето на кого личи синот Давид – на неа или на татко ѝ – таа рече: „Поделено, но има талент за пеење. Ми кажа дека сака да биде судија и ми рече дека ќе пее за душа и не сака да наплаќа“.
Во еден дел од емисијата, Кристина рече дека „таткото не треба да заборави дека е биолошки татко“.
„Јас многу добро паметам со кого бев, но сѐ е до родителот. Се разделив затоа што сакав моето дете да расте во здрава средина. Сега моето дете веќе полни 9 години и е со здрава психа, насмеан, среќен и нема допирна точка со ништо што е лошо“, изјави Кристина Димитријевска.
Убавата тетовка е една од нашите најангажирани манекенки и редовно освојувала титули за убавина.


