Се огласи и адвокатот на Даниел Кајмакоски: „Напаѓачите најверојатно се од турско потекло, тој со никого не се замерил“
Адвокатот на пејачот Даниел Кајмакоски, Бранислав Станишиќ, проговори за состојбата на пејачот по киднапирањето и истакна дека физички е стабилен, но дека последиците од шокот сè уште се присутни, пренесува српски „Блиц“.
Препорачано
„Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, а тоа е најважно за него и за семејството. Ситуацијата остави одредени последици од шок, но, среќа, ги надминува“, изјави адвокатот.
Тој додаде дека истрагата се уште трае и ќе потрае и дека не смее да открива многу детали додека осомничените не бидат приведени, ситуацијата на терен е таква што осомничените го напуштиле местото кај Рума, објасни тој, мислејќи на местото каде бил оставен автомобилот, а потоа додаде:
„Од тој момент тие го напуштија местото и сè уште се трага по нив. Сега се фокусирани на потрага по лица кои најверојатно се од турско потекло. Тоа е за сега единствената информација. Не се граѓани на Србија, најверојатно. Говореле на турски или сличен јазик, а нивниот изглед упатуваше на тоа дека се од некоја земја од тој тип. Не знаеме сега дали се мигранти или во каков статус биле кај нас. Со Даниел сум во постојан контакт, реагираме според потребите на полицијата и се што е потребно“.
Адвокатот истакна дека поранешниот победник на регионалното музичко натпреварување „Икс Фактор“ не е човек кој некому би му се замерил.
„Нема никој причина од лични мотиви да го нападне. Ако имаше некаква причина за сомневање, веројатно и тој би помислил дека нешто вакво може да се случи, но не е така. Како што некои други ѕвезди не очекувале некој да им фрли експлозив, така и тој. Даниел својата работа ја врши професионално и никогаш не бил груб или дрзок кон некого за некој да постапи на ваков начин“, рече адвокатот.
Тој додаде дека најверојатната причина за киднапирањето е стекнување на материјални добра.
„Даниел има доверба во полицијата, знаеме како постапуваат и убедени сме дека ќе го одработат својот професионален дел како што треба. Се надеваме дека сè ќе заврши брзо за осомничените, затоа што полицијата е на високо ниво на задачата“, заклучи Станишиќ.


