Беспрекорна линија: Џенифер Анистон откри до каква диета се придржува

џенифер анистон
Profimedia

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ Џенифер Анистон уште еднаш докажа дека со години е на постојан режим и посветено слушање тренери и нутриционисти, кои се кријат зад нејзиниот фантастичен изглед.

Анистон (50) често споделува фотографии на социјалните мрежи додека вежба, а шетајќи го својот миленик обожавателите ја фотографираат во нејзините атрактивни изданија.

Иако многумина во карантинот се опуштија од своите фитнес рутини, таа напорно работи на својот изглед и секојдневно практикува физичка активност.

Instagram

Омилената актерка во една прилика за Радио тајмс откри од што точно се состои нејзината диета. Таа не го контролира внесувањето калории и не ја одбира храната внимателно, но важно за неа е колку време јаде. Избира т.н. диета 16:8 според која јаде осум часа на ден, додека целосно „пости“ останатите 16 часа.

– Забележав голема разлика во тие 16 часа без храна. За среќа, часови на спиење се сметаат за дел од постот. Само треба да го одложите појадокот до 10 часот, објаснува Џенифер.

Каква е нејзината линија, може да се види од фотографиите.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот