Бесплатна правна помош за заштита на работничките права за време на корона кризата

Справувањето со економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза ќе биде многу тешко и неизвесно во периодот што следува. Затоа преку Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество обезбедени се 255.000 долари поддршка за локалните ромски организации, организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и организациите за заштита на човековите права, се вели во соопштението на фондацијата Отворено општество.

– Во изминатиов период проследивме сериозни прекршувања на работничките права и се соочивме со ситуација во која работниците ангажирани во неформалната економија останаа без приходи, се борат да преживеат и имаат многу тешкотии во остварувањето на правата што им следуваат со дел од владините антикризни мерки. Со оваа поддршка ќе се обезбеди ефикасна и навремена помош за голем број нископлатени и неформални работници, од кои најголем дел се жени, Роми и самохрани родители, за да добијат пристап до државните мерки за помош, неопходни за исполнување на основните животни потреби, и ќе се обезбеди заштитата на нивните работнички права, волат од фондацијата.

Со оваа помош се предвидува да се озбезбеди и правна помош и судско застапување во случај на повреда на работничките, социјалните и други права, и заедничко застапување пред институциите за брзо, ефикасно и еднакво обезбедување на кризните мерки и почитување на работничките права.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот