Бесими: Фискалниот совет ќе обезбеди независни ставови и поголема контрола на јавните пари

Поголема контрола и обезбедување независни, објективни и професионални ставови за буџетот и фискалната стратегија ќе обезбеди Фискалниот совет кој е предвиден да се формира со новиот закон за буџети. На јавната расправа за овој закон, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека советот ќе се избира од страна на Собранието и дека ќе станува збор за независни експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија.

Бесими, како што соопшти Министерството за финансии, посочи дека во законското решение се предвидува за 3 члена од независното тело предлози да дадат од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е 6 години без право на реизбор.

Инаку со новиот закон за буџети, се предвидува и поставување фискални правила, односно лимити на јавниот долг и на дефицитот и на тој начин, повторно зајакнување на контролата во јавните финансии.

Покрај зајакнување на контролата, новиот системски закон за буџети предвидува и зајакнување на планирањето преку воведување среднорочно буџетирање и Интегрираниот систем за управување со јавните финансии ИФМИС, преку кој ќе следи извршувањето на приходите и расходите од нивно планирање до конечна реализација.

Во однос на транспарентноста, преку зголемување на квалитетот и квантитетот на финансиските извештаи ќе се зајакнува фискалната транспарентност. Со новиот закон првпат се воспоставува Регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен и во него ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините. На тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти независно дали се на централно или на локално ниво.

Предлог-законот за буџети беше даден за коментари на ЕНЕР, а вчера се одржа јавна расправа на која покрај министерот за финансии учествуваа и претставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации,и на која беше дискутиран законот и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот