Скот Бесент и Володимир Зеленски во Киев, 12 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Бесент: Нема безбедносни гаранции во договорот за украинските минерали

Договорот кој треба да ѝ овозможи на Америка користење на украинските наоѓалишта на ретки минерални суровини, кој е во завршна фаза, не содржи воено-безбедносни гаранции, изјави денеска американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, според „The Hill“.

„Но, тој содржи имплицитна гаранција дека ако САД силно инвестираат во економската иднина на Украина, тоа е економска безбедносна гаранција“, вели Бесент.

Според него, договорот е дел од долгорочната стратегија на претседателот Доналд Трамп за постигнување мир меѓу Украина и Русија. Се однесува на стратешки минерали, енергетика и државни компании, а може да биде потпишан уште следната недела.

Москва не го одобрува ваквиот договор, што според Бесент, е уште еден поттик за Киев да го прифати. Тој додаде дека е разочаран што украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не го потпишал документот.

Договорот предвидува приходите од природните ресурси, инфраструктурата и другите средства на украинската влада да се вложуваат во фонд за долгорочна реконструкција и развој на земјата, при што САД ќе имаат збор во економските и административните прашања. Според американскиот претседател Доналд Трамп, Украина на овој начин треба да ѝ ги врати на Америка милијардите долари вложени за нејзина одбрана во трите години од руската инвазија.

Трамп во саботата изјави дека очекува договорот наскоро да биде постигнат, а пратеникот на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „веќе не се колеба“ околу договорот и дека се согласил да го потпише.

Функционер на Трамп: Зеленски прифати – вредните украински минерали за воената поддршка од САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот