Берлускони знае како да се врати стариот добар Милан

twitter.com/calciomercato_m

Од моментот кога Берлускони го напушти Милан, „росонерите“ не постигнуваат добри резултати. Клубот прво беше во сопствеништво на контроверзен кинески инвеститор, а беше доведен и познат фудбалски функционер од Арсенал, Иван Газидис, но резултатите и натаму не се добри.

– Како да го вратиме големиот Милан од минатото? Тоа е едноставно, но и од друга страна е навистина тешко да се случи. Вратете го Милан на Силвио Берлускони – рече Берлускони кој воедно ја коментираше изјавата на Газидис дека Американците го спасија Милан од банкрот.

– Тие се реченици кои би требало да се говорат кога ќе влезете во тоалет и кога прво ќе ја затворите вратата – додаде Берлускони.

Поранешниот газда на Милан сепак го пофали и заедничкиот проект на тој клуб и Интер кои ќе изградат нов стадион.

Тој инаку моментно ја води екипата на Монца која игра во Серија Ц и во која како шеф работи Адријано Галијани со кој соработуваше во клубот од „Сан Сиро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот