Берлускони пред сите вети автобус полн проституки, фудбалерите си го бараат заслуженото

Силвио Берлускони EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Фудбалерите на Монца вчера направија вистински подвиг и го победија Јувентус со 2:0 во натпреварот од 20. коло во Серија А.

Сезонава ова е вторпат дебитантот во Серија А да слави против „старата дама“, а многумина потсетија и на ветувањето кое го даде славниот Берлускони. Имено, Берлускони на фудбалерите им вети дека ако ги победат Милан, Јувентус или некој друг од поголемите клубови сите ќе добијат автобус полн проститутки.

„Имаме добар, пријателски и мотивациски настроен тренер кој се способен да ги мотивира фудбалерите. Јас на фудбалерите им дадов дополнителна мотивација со тоа што им ветив автобус полн проститутки ако победиме против Милан, Јувентус или некој друг поголем клуб“, гласеше ветувањето на Берлускони.

По победата против Монца во Торино Берлускони призна повеќе од сто луѓе му се јавиле да го потсетат.

„Добив повеќе од 100 телефонски повици и сите бараат да го исполнам ветувањето“.

Посебно интересно беше што и Монца на социјалните мрежи објави фотографија од автобус, веројатно алудирајќи на ова ветување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот