Берлускони ја презеде контролата врз германскиот медиумски гигант: Ова е катастрофа за Германија

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Медиумскиот холдинг на семејството на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони „MФE“ ја презеде контролата врз германската телевизиска група „ProZibenSat1“.

„МФЕ“ го пријавила преземањето на контролата до германската антимонополска агенција, но таа институција се уште не се огласила, додека австриската агенција потврдила дека го добила соодветниот извештај, тврди веб-страницата „DE24live“.

Според австриската агенција, компанијата „MFE – Media For Europe NV“, со седиште во Холандија, каде што се наоѓа европското седиште на холдингот на Берлускони, известила дека ефективно стекнала контрола над „ProZibenSat1 Media DE Deutschland“.

Баварскиот премиер Маркус Зедер пред само неколку недели изјави дека преземањето на компанијата на Берлускони на германската групација, која е најголема приватна телевизиска групација во земјата, ќе биде погубно за Германија и мора да се спречи со сите правни средства.

„МФЕ“, пак, до пред некој ден тврдеше дека во моментов не планира да го преземе „ПроЗибенСат 1“.

Досега Берлускони имаше околу 30 отсто во германската групација, која обединува десетици телевизиски станици како Про7, Сат1, Кабел1 и огромен број стриминг оператори.

Се шпекулираше дека „МФЕ“ е незадоволна од менаџментот на германската групација и купува акции, а најверојатно ги купи и потребните 50 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот