Бергкамп ќе стане газда на англиски премиерлигаш

твитер

Група од неколку поранешни фудбалери веќе основале конзорциум и чекаат вистински момент за да купат фудбалски тим.

Поранешниот холандски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Денис Бергкамп, е предводник на група од неколку поранешни фудбалери кои наскоро ќе купат англиски премиерлигаш, пишува „Мирор“.

Освен Бергкамп, како дел од конзорциумот се и Дирк Кујт, Роналд Куман, Филип Коку и Хенрик Ларсон, но има уште неколку поранешни фудбалери чии имиња засега не се споменуваат.

Според „Мирор“, поранешните фудбалски ѕвезди чекаат поволен момент за да започнат со реализацијата на својата идеја, да купат англиски премиерлигаш. Тие се надеваат дека во наредниот период ќе биде идеално време за купување на фудбалски клуб бидејќи акциите на екипите ќе паднат поради економските последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

– Поради актуелната криза вредноста на екипите ќе биде намалена, а во истовреме ќе дојде до превирања во клубовите. Поради овие фактори, летово може да биде идеално за купување на фудбалски тим – изјави Роб Јансен, извршен директор на „Wasserman Media Group“, маркетинг и менаџмент агенција преку која би реализирало купувањето на фудбалски тим од страна на Бергкамп и останатите фудбалски легенди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот