Бени Шаќири нов директор на МКЦ?

Бени Шаќири/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го потпишала решението музичарот Бени Шаќири да биде нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) и тој утрово се појавил таму за да го преземе раководното место од Никола Алексов, но тој одбива да замине, објави Нова ТВ, повикувајќи се на свои извори.

„Слободен печат“ не доби ниту потврда, ниту демант на оваа информација. Единствено добивме потврда дека Шаќири се појавил во МКЦ, без понатамошни детали.

На последниот конкурс за избор на директор во МКЦ стигнале три пријави: музичарот Бени Шаќири, дипломираниот продуцент и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи. Според процедурата, Управниот одбор на МКЦ ги доставил апликациите од кандидатите до градоначалничката на Град Скопје, со тоа што предлага кандидати кои според критериумите се соодветни за позицијата за која аплицираат. Условите, покрај високото образование во областа на хуманистичките науки, се и 5-годишно работно искуство во областа на културата. Последниот збор за одлуката кој ќе биде директор е на градоначалничката Данела Арсовска.

Досега в. д. директор на МКЦ беше Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари лани откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот