„Бело самоубиство“: Тажната љубовна приказна на големата Марија Калас

марија калас
Марија Калас / Фото: Profimedia

Марија Калас, која починала на денешен ден во 1977 година, била лудо вљубена во милионерот Аристотел Оназис. Таа го оставила својот сопруг за него, а Оназис се развел од сопругата која не му го простила предавството. Марија знаела како да го добие она што го сака, а тоа бил Оназис.

Наскоро Оназис почнал да ја изневерува Марија и да не ѝ посветува доволно внимание. Цутот на љубовта брзо поминал. Почнал да ја понижува пејачката пред сите, како што ја понижувала нејзината мајка кога била дете. Таа останала бремена, а Оназив ја натерал да се ослободи од бебето. Тогаш таа имала 43 години. Било тешко се присили жена на тие години, добро ситуирана и позната, да се ослободи од дете ако не го сака тоа. На луѓето околу неа им се чинело дека Марија се спротивставила на таа идеја, но не премногу. На крајот на краиштата, таа не сакала да го изгуби Оназис. Таа го абортирала детето, а милионерот ѝ подарил бунда за тоа.

По некое време, милионерот ја оставил и се оженил со Џеки Кенеди. Марија целосно го загубила гласот од тој шок и веќе не можела да пее како порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Callas (@mariacallasofficial)

Но, тогаш го запознала брачниот пар Ди Стефано. Џузепе бил оперски пејач, кој бил трогнат од маката на Марија и почнал да ѝ помага на секој можен начин повторно да стане ѕвезда. Ди Стефано сметал дека работата лечи!

И сопругата на Џузепе ја поддржувала пејачката, сѐ додека не дознала дека Марија спие со нејзиниот сопруг. Но, тие биле пријателки! Жената сметала дека ѝ е пријателка на Марија. Ѝ напишала болно писмо во кое ја прашала: „Знаеш дека мојот сопруг е моето сè! Како можеше? Како можеше?!“. Но, Марија не ѝ одговорила на нејзиното писмо.

И тогаш Џузепе ја напуштил Марија. Уморен од љубомората на неговата сопруга и депресијата на Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Callas (@mariacallasofficial)

Марија повторно останала сама со своите купишта пари, накит и многу крзна. За време на долгите осаменички ноќи, таа се завиткувала во крзно, галејќи го со рацете на кои ѝ светкале дијамантските прстени… Едноставно, ѝ се случило „бело самоубиство“ – одела, јадела, спиела, но повеќе не живеела. Затоа што без љубов нема живот.

Кога пејачката починала, сопругата на нејзиниот последен љубовник Џузепе ди Стефано кажа зборови кои до ден-денес будат морници.

„Марија изврши ‘бело самоубиство’. Таа не крена рака на себе; едноставно го изгуби интересот за животот. Престана да живее. Таа беше скршена, ја изгуби смислата. Енергијата на животот ѝ исчезна. Таа немаше за што да пее и од што да живее, и немаше потреба“.

Трауматичниот брак на Џеки Кенеди со Оназис: Ја наместил да ја фотографираат гола!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот