Белингем ќе биде новиот „галактикос“

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште сега го одреди фудбалерот по кого ќе тргне со сите сили наредното лето, тоа е играчот на Борусија Дортмунд, Џад Белингем.

Новиот европски шампион во овој преоден рок веќе го потпиша Антонио Ридигер, се наоѓа пред договор со Аурелиан Чуамени за кого треба да плати 80 милиони евра, а се очекува да потроши најмалку 100 милиони евра за нов напаѓач (Дарвин Нуњез) и поради тоа Перез планира трансферот на Белингем да го реализира дури идната година.

Англискиот репрезентативец имаше одлична сезона со Борусија Дортмунд и го сврте вниманието на фудбалските гиганти. Шпанска „Марка“ пишува дека Перез е подготвен да плати 100 милиони евра за да го донесе Белингем на „Сантијаго Бернабеу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот