Белгиско јадење штумп - пире од компири и прокељ / Фото: Zoonar/MYCHKO, Zoonar GmbH / Alamy / Profimedia

Белгиска класика на трпезата: Рецепт за пире од компири и моркови како совршен прилог

Штумп е традиционално белгиско јадење, подготвено од кремасто пире од компири, во кое се додава различен зеленчук – најчесто морков, праз, кељ или спанаќ. Се збогатува со путер и со основни, но внимателно одбрани зачини како сол, црн бибер и мускатно оревче, а вообичаено се служи како прилог со колбаси или печено месо, пишува „Пун куфер“.

Во оваа варијанта, штумпот се подготвува од компири и моркови. Зачините му даваат пријатна арома и длабочина на вкусот, но вистинската полност доаѓа од путерот, кој се користи без штедење. Станува збор за едноставно, а исклучително богато јадење што лесно ќе го освои секој вкус.

Потребни состојки:

  • 1 кг компири, излупени и исечени на парчиња
  • 2 големи моркова, излупени и исечени на тркалца
  • 300 мл пилешки бујон
  • 350 мл полномасно млеко
  • 2 ловорови листа (по желба)
  • 1 и ½ лажичка сол, плус дополнително по вкус
  • 60 г путер
  • 1 лажичка свежо мелен црн бибер
  • Прстофат рендано мускатно оревче (по желба)

Подготовка:

Во големо тенџере ставете ги компирите, морковите, пилешкиот бујон, млекото, ловоровиот лист и солта. Загрејте на умерена температура со повремено мешање, сè додека течноста не почне да врие. Потоа намалете ја температурата, поклопете и варете 15 до 20 минути, односно додека зеленчукот целосно не омекне. Ако млекото почне да се пени, делумно отворете го тенџерето.

Отстранете го ловоровиот лист, па додајте половина од путерот, црниот бибер и мускатното оревче. Со гмечалка грубо изгмечете ја смесата – не е потребно да биде целосно мазна, туку да ја задржи својата текстура.

На крај, проверете го вкусот и по потреба дополнете со сол или бибер. Префрлете го стоемпот во сад за сервирање и непосредно пред послужување прелијте го со остатокот од путерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот