Белешките на Мусолини од средба со Хитлер се пронајдени во Италија
Белешките на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини од средбата со Адолф Хитлер во 1944 година беа пронајдени во Италија, објави денеска „Шпигел“.
Препорачано
Хартијата со белешките, за кои несомнено било потврдено дека се на Мусолини, била запленета од специјален тим карабинери пред документот да биде понуден на аукција во Торино. Документот потоа бил префрлен во Државниот архив во Рим. Специјалистите ги окарактеризираа белешките како „документ од исклучително историско значење“.
Станува збор за хартија на која тематските поглавја „воени сили“, „политика“ и „економија и работа“ се напишани рачно, а тоа е документ што Мусолини го користел за време на средбата со Адолф Хитлер на 22 април 1944 година во замокот Клајсхајм во близина на Салцбург.
Бенито Мусолини беше премиер до капитулацијата на Италија во 1943 година. После тоа, Хитлер го постави на чело на марионетската фашистичка држава. Италијанските партизани го уапсија Бенито Мусолини во април 1945 година кога се обиде да избега во Швајцарија и го застрелаа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
14мин
-
15мин
-
25мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


