Бектеши: Дискотеката „Привилиџ“ нема лиценца за работа

Сцена од видеото кое исчезна од видео-платформата Јутјуб

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.

Од државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт претепан беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ тврди дека чека информација од МВР дали Ѓоргиевски е во Македонија, по што, доколку не е, за него ќе биде распишана покрај централната – и меѓународна потерница.

Денеска во 15 часот ќе биде погребан ракометарот. Од видео снимка од безбедносната камера „Сејф Сити“ во градскиот парк, евидентно е дека смртта на Тот настапила откако претходно му бил зададен смртоносен удар од кој тој завршил на асфалтот не помрднувајќи се. И покрај тоа што не давал знаци на живот, напаѓачите продолжиле да го удираат во повеќе наврати на очиглед на десетина сведоци кои влегувале и излегувале од клубот кои стоеле на страна, а такси возачот ги одвезол напаѓачите откако го истепале ракометарот.

Денис Тот потоа беше префрлен во болница, на Клиниката за реанимација КАРИЛ, каде половина час му била вршена реанимација со цел да се врати во живот бидејќи срцето не му работело. Откако била воспоставена срцева активност, 27-годишниот ракометар им подлегна на повредите за неполни 12 часа.

Бектеши: Дискотеката „Привилиџ“ нема лиценца за работа

ВИДЕО | Јордановска: Случајот Тот се разреши за 24 часа, но опасно е што граѓаните сакаат да се информираат од Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот