Бекам најде спонзор кој ќе плати повеќе од 200 милиони евра за реклама на дресовите

twitter/Footy Accumulators

Интер Мајами на 1 март против Лос Анџелес ќе дебитира во МЛС лигата, а непосредно пред стартот на сезоната, сопственикот на новиот клуб, Дејвид Бекам, си најде богат спонзор кој дебело ќе плати.

Главен спонзор на екипата на Интер Мајами ќе биде Катар Ервејс кој за реклама на дресовите ќе плати дури 215 милиони евра, а засега не се знае на колку години ќе биде потпишан договорот.

Логото на авио компанијата од Катар ќе биде на дресовите, на новиот стадион и на сите клупски сувенири.

Со потпишувањето на договорот со Катар Ервејс, Бекам може малку да здивне пред да ја продолжи битката со италијанскиот Интер во битката за правата на името.

Италијанскиот тим ја доби првата битка со МЛС лигата. Американскиот завод за заштита на патенти и имиња (УСПТО) пресуди во корист на италијанската екипа која смета дека името Интер се поврзува исклучиво со тимот од Милано.

Тие сметаат дека називот на тимот на Бекам, Интер Мајами, премногу наликува на Интер Милан и дека е можно во иднина да дојде до забуна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот