Фото: Screenshot/YouTube

Бекали по поразот од Шкендија: Што да правам, вие се молевте подобро од мене

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија вечерва славеше голема победа над ФЦСБ и се пласираше во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но исто така обезбеди и европска есен, најмалку ќе игра во Лигашката фаза од Конференциската лига.

Пред двомечот, првиот човек на ФЦСБ, контроверзниот Џиџи Бекали беше самоуверен и зборуваше дека неговиот тим сигурно ќе продолжи во следната фаза, а на крајот доживеа големо разочарување кое тешко го прифаќа.

„За фудбал повеќе нема да зборувам. Ви честитам, вие се молевте подобро од мене. Во наредните месеци ќе го заборавам фудбалот, срамно е тоа што се случи. Што можам да направам јас, ако Бог се грижи за вас, не за мене. Битката за Лигата на шампионите е минато, сега ќе се насочам кон животот. Најважно што никој не умре и никој не е болен. Зборував за фудбал кога тимот ми даваше право, сега немам што да зборувам“, изјави Бекали.

Неговата ФЦСБ сега се сели во Лигата на Европа каде што ќе игра во третото коло против косовската Дрита, додека Шкендија ја чека Карабах.

ВИДЕО: Шкендија испиша историја – обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциската лига!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот