ВИДЕО: Шкендија испиша историја – обезбеди најмалку лигашка фаза во Конференциската лига!

Екипата на Шкендија со уште еден триумф, сега на гостински терен во Букурешт со 1-2 си обезбеди европска есен бидејќи сигурно ако биде елиминирана од ЛШ, а потоа и од Лигата на Европа, ќе игра во лигашката фаза од Конференциската лига.

Натпреварот започна мирно без премногу шанси на двете страни, домаќините ја имаа топката во свој посед, меѓутоа не успеваа лесно да дојдат до пред голот на Гаје.

Шкендија се закани во 14 минута преку капитенот Ибраими, но и домашниот чувар на мрежата беше на висина на задачата.

ФЦСБ до водство дојде од првата посериозна прилика кога одбраната на тетовски лесно дозволи Цисоти да влезе во прилика, а неговиот удар Гаје не успеа да го одбрани. Шкендија имаше среќа брзо да возврати и по само четири минути по една мешаница настаната по корнер, Љатифи го најде патот до мрежата.

Тоа беа и најинтересните четири минути, во продолжение најмногу гледавме борба на средината со по некоја можност на двете страни.

Шкендија можеше и порано да стави точка на натпреварот, но Ибраими пропушти стопроцентна шанса во 81 минута. Сепак, ако тогаш македонскиот претставник не успеа, успеа некоја минута подоцна кога Ване Крстевски се запиша во листата на стрелците.

Во третото коло од квалификациите, Шкендија ќе се соочи со Карабах, кој го елиминираше Шелбурн, меѓутоа за тимот на Јетон Беќири е уште поважно тоа што веќе има обезбеден настап во лигашката фаза од Конференциската лига..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот