Бекали: Ако се пласираме во групите на ЛШ, ќе изградам стадион од 100.000 седишта
Контроверзниот сопственик на романската екипа ФЦСБ, или поранешна Стеауа, Џиџи Бекали проговори за тоа дека би сакал да изгради стадион со капацитет од 100.000 седишта.
Тој смета дека оваа национална арена секогаш би била полна доколку неговиот клуб се пласира во групите на Лигата на шампионите.
– Знаете што ми падна на памет? Влезете во групите на Лигата на шампионите и изградите стадион со 100.000 седишта. ФЦСБ веќе не може да го прави тоа со 50.000. 400.000 луѓе доаѓаат во Лигата на шампионите. Имам каде да го изградам, само ако се квалификуваме за Лигата на шампионите, оттаму да земеме 40-50 милиони евра – изјави Бекали за романските медиуми.
ФЦСБ ги игра своите натпревари на најголемиот романски стадион, Националната арена во Букурешт, со капацитет од 50.000 гледачи.
Најголемиот стадион во регионот е белградскиот „Рајко Митиќ“, каде што игра Црвена звезда. Има капацитет од 55 илјади гледачи. Европскиот рекорд по капацитет го држи „Спотифај Камп Ноу“ на Барселона, кој прима 99.354 гледачи по натпревар. Бекали сака да го собори тој рекорд, но ќе мора да почека.
ФЦСБ годинава не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но има можност да се најде во групите на Лигата на конференции доколку го елиминира норвешкиот Викинг во плеј-офот чии два натпревари ќе се играат на 18 и 25 август.