Бејтулаи ја напушта Шкендија, се сели во Турција!? (ФОТО)

twitter.com/ajansspor

Како што пренесува турскиот веб портал „ajansspor.com“, десниот бек се наоѓа на „мета“ на Трабзонспор.

Истиот извор вели дека Трабзонспор сака да биде шампион во турската Суперлига, а нивна најнова желба е Егзон Бејтулаи. 25-годишниот одбранбен играч е еден од столбовите на нашата А репрезентација, воедно на клупски план ги брани боите на Шкендија.

Кариерата ја започна во Тетекс, а од 2013 година е член на тетовскиот клуб кој сезонава во шампионатот ја брани титулата од лани, нема најдобар старт и моментно е на петтата позиција со 15 бодови, дури 12 помалку зад водечкиот Вардар.

Се најавува заминување на португалскиот десен бек Жоао Переира на крајот од сезоната, а како замена се гледа Бејтулаи.

Моментно во турскиот шампионат после девет кола Трабзонспор е на четвртото место со 16 бодови, два помалку од лидерот Аланјаспор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот