БЕАМ Фестивалот е прослава на креативноста, уникатноста и иновативноста
На свечена церемонија, што се одржа на 6 март во хотелот „Мериот“ во Скопје, беа прогласени добитниците на наградите на вториот БЕАМ Фестивал на најдобри настани.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП го организираше второто издание на БЕАМ Фестивалот, кој произлезе како потреба за мапирање на индустријата на настани и валоризирање на работата на професионалците. Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството.
БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста, како и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.
– Втора година БЕАМ им оддава признание на најдобрите настани. Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за невладиниот сектор, за државните и за јавните институции, за спортот, буквално за секој сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани.
БЕАМ прави пресек на годината што изминала и поттикнува натпревар со цел подигнување на креативноста и квалитетот на настаните. Тој е важен за сите нас кои работиме во секторот на организација на настани. Преку него се запознаваме, учиме едни од други, разменуваме искуства – истакнува Маја Бабиќ, тим лидер на фестивалот БЕАМ.

Категории и наградени проекти:
– Најдобар културен / музички настан – Хајнекен 150 диџеи за 150 години незаборавни искуства – Публицис груп
– Најдобар фестивал / манифестација – Зимска приказна – Општина Битола
– Најдобар корпоративен настан – Enter the red – Влези во црвеното – Њу момент њу идеас компани
– Најдобар самит, конгрес или конференција – Конференција „Чувари на мудроста“ – Маркетинг агенција „Ефектива“
– Најдобар настан за бренд активација / промоција на нов производ или услуга – Хајнекен 150 диџеи за 150 години незаборавни искуства – Публицис груп
– Најдобар експо (саем) – Skopje Air Fair – Авикон
– Најдобар прес / ПР настан – Убавина што носи промени – Њу момент њу идеас компани
– Најдобар НВО настан – Играме заедно пак – Аутизам ААМК
– Најдобар спортски настан – Визер скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје
– Најдобра (бтл) агенција за настани – Публицис груп
– Најдобра рентал компанија – О3 Инвест
– Најдобар добавувач – О3 Инвест
Специјално признание на БЕАМ доби настанот Аеромитинг „100 години македонска авијација“ на Аероклуб Скопје, како признание за одбележување значаен јубилеј.

По однапред утврдени и јавно објавени критериуми и правила беа оценувани пристигнатите пријави во повеќе категории. Комисијата за доделување на наградите со тајно гласање работеше во состав: Ана Зафирова – фриленс новинарка и експертка по комуникации; Анета Андонова – одговорен уредник на Прв програмски сервис на МРТ; Борис Ефтимовски – основач на „Маркетинг 365“; Бранко Илиевски – спортски новинар; Вардан Тозија – филмски режисер; Василка Салевска Трајкова – менаџер за екстерни прашања во „Филип Морис“; Дејан Пројковски – режисер; Душан Марковиќ – корпоративен маркетинг и ПР директор во „Малиќи Груп“; Кире Синадиновски – директор на „Таг Тиминг“; Коста Петров – основач и извршен директор на „Пи Ворлд“; Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации на „Халкбанка“; Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер на „Завар“; Милчо Александров – светло мајстор; Мите Димовски – композитор и музички продуцент; Наташа Божиновска Миркова – извршен директор на „Репрезент комуникации“; Татјана Лопарски – извршен директор на „Елемент ПР“; Тони Димков – новинар; Огнен Јанески – ТВ-лице, автор и модератор; Рисима Рисимкин – кореограф, уметнички директор на „Танц фест Скопје“; и Лара Чашуле – директор за сервис на клиенти во „Меккен“ – Скопје.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 221, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-10.3.2024)


