Барселона заврши уште еден трансфер, Кеси ги поминал тајните лекарски прегледи во Швајцарија

Френк Кеси кариерата ќе ја продолжи во Барселона/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Барселона договори екстра засилување за следната сезона, фудбалерот на Милан Френк Кеси ги поминал лекарските прегледи и кариерата од лето ќе ја продолжи на „Камп Ноу“.

Двете страни неодамна постигнаа усен договор, а сега тој договор е потпишан на хартија. Истиот ќе стане официјален на првиот ден од летниот преоден рок, од 1 јули и ќе трае се до 2026 година.

Пред да биде потпишан договорот, Кеси ги поминал тајните лекарски прегледи кои биле извршени во Лугано, Швајцарија, објави италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио.

Според новинарот, платата на Кеси ќе изнесува 6.5 милиони евра плус милионски бонуси во зависност од настапите и освоените трофеи.

Тренерот Чави Ернандез го гледа Кеси како наследник на Серхио Бускетс и иден лидер во средниот ред.
Кеси е четвртото засилување за Барселона кое доаѓа бесплатно на „Камп Ноу“ по Пјер-Емерик Обамејанг, Адама Траоре и Дани Алвеш, а сезонава беа ангажирани уште и Мемфис Депај и Феран Торес за кои беше платено обесштетување.

Управата на Барселона ќе се обиде по истиот рецепт, бесплатно да ги донесе и дефанзивците на Челси, Андреас Кристенсен и Сезар Аспиликуета на кои договорите им истекуваат на лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот