Барселона славеше во Торино, на Мората му поништија три гола (ВИДЕО)

epa08782038 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во дербито на второто коло до Лигата на шампионите, Барселона со 2:0 славеше на гостувањето кај Јувентус во Торино.

Барселона до втората победа во елитното натпреварување дојде уште во првото полувреме со евроголот на Осман Дембеле во 14. минута и на Лионел Меси од пенал во судиското продолжение.


Дербито кое беше осиромашено за Кристијано Роналдо кој е позитивен на коронавирус, го одбележа напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората кој постигна дури три гола, но судијата Макели сите три оправдано ги поништи поради офсајд.

Интересен натпревар одиграа и дебитантот во ЛШ, Ференцварош и Динамо Киев кој на крајот заврши 2:2. Украинците водеа со 0:2 со головите на Циганков и Де Пења во првото полувреме, но Ференцварош до бод успеа да дојде во 90. минута и тоа со голот на Боли.


Манчестер јунајтед го прегази Лајпциг на „Олд трафорд“ победувајќи го со 5:0 во натпревар на кој блескаше Маркус Рашфорд. „Црвените ѓаволи“ гол серијата ја отворија во 21. минута кога преку Мејсон Гринвуд поведоа со 1:0 за во второто полувреме да се разигра Рашфорд кој постигна хет-трик со головите во 74.,78. и 92. минута. Петтиот гол беше дело на Марсијал од пенал.


Резулати:
Група Е
Краснодар – Челси 0:4
Севиља – Рен 1:0

Група Ф
Борусија Д. – Зенит 2:0
Бриж – Лацио 1:1

Група Г
Ференцварош – Динамо Киев 2:2
Јувентус – Барселона 0:2

Група Х
Башакшехир – ПСЖ 0:2
Манчестер Јун. – Лајпциг 5:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот