Реал Мадрид - Барселона/ EPA/STRINGER

Барселона се подготвува за спектакл, билети за „Ел Класико“ достигнуваат цена и над 12.000 евра

Во недела навечер, на „Камп Ноу“, Барселона и Реал Мадрид ќе играат ново „Ел Класико“, дуел што за каталонскиот тим може да значи и освојување на шампионската титула.

Секое „Ел Класико“ носи посебна тежина, но овој, според шпанските медиуми, има историско значење. За првпат во повеќе од еден век клупска историја и речиси сто години од постоењето на Ла Лига, Барселона има можност да ја завери титулата токму по натпревар против својот најголем ривал.

Во далечната 1932 година се случи спротивното сценарио, кога „кралевите“ стигнаа до титулата по реми на „Лес Кортс“.

Интересот за натпреварот е огромен. Од клубот признаваат дека владее вистинска еуфорија, билетите се распродадени, а достапни се само ВИП-влезници, чии цени се движат од 2.500 до 12.500 евра. Стадионот ќе биде во свечено руво, а натпреварот ќе започне со специјална кореографија, чија тема сè уште не е откриена.

За оние што нема да бидат на трибините, спектаклот ќе може да се следи преку преносот и тоа во досега невидена продукција. Од Ла Лига најавуваат вистинска аудио-визуелна „суперпродукција“, ќе се користат дури 37 камери, повеќе од било кога досега, вклучително и судиска камера што ќе ги бележи сите движења и одлуки на арбитрот.

Дополнително во меѓусебните дуели, Реал Мадрид има минимална предност со 106 победи, додека Барселона има 105, во вкупно 263 натпревари и 52 ремија. Гол-разликата исто така е на страната на мадриѓаните со 447 наспроти 436. Од Ла Лига го опишуваат ова ривалство како „најизбалансирано во елитниот фудбал“, а претстојниот натпревар би можел дополнително да ја заокружи таа приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот