Барселона подобра од Алборг за 12. титула во ЛШ

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Ракометната екипа на Барселона денеска стигна до својата 12. титула во Лигата на шампионите, вкупно 12. во историјата.

Барселона го совлада Алборг со 31:30 и така дојде до титулата. Имаше предност Барселона скоро во текот на цело прво полувреме, но во финишот Алборг направи пресврт и поведе со 15:14, каталонскиот гигант не дозволи да оди со негатива на пауза па израмни на 15:15.

Во вториот дел одново водеше Барселона, додека Алборг неколку пати успеваше да израмни, додека за пресврт немаше сила.

Ќе потсетиме, во овој натпревар историја испишаа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Николов кои сега имаат финалиња на сите големи клупски и репрезентативни натпреварувања.

Македонскиот судиски тандем денеска испишува историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот