Македонскиот судиски тандем денеска испишува историја

Македонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски/фото: EPA/EFE

Maкедонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе делат правда во финалето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Алборг.

Со овој натпревар македонскиот тандем ќе испише историја во светот на ракометот бидејќи ќе комплетираат финалиња во сите големи ракометни натпреварувања.

Николов и Начевски судеа финалиња на европски и светски првенства во машка и женска конкуренција, но и на Олимписките игри во Токио.

Денешното финале кое се игра во терминот од 18:00 часот е реприза на финалето од пред три години. Тогаш Барселона победи убедливо со 36:23. Денеска шпанскиот тим игра за својата 12. титула во европската елита, додека Алборг за својата прва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот