Барселона има договор со Кристенсен, на лето ќе носи уште тројца фудбалери

Адреас Кристенсен на лето си заминува од Челси/ фото: EPA-EFE/Ian Walton

Управата на Барселона работи на ангажирање на нови фудбалери за идната сезона и прво име што треба да ја засили екипата е дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен.

Се очекува до крајот на неделава, двете страни да имаат нова средба на која би требало да се финализираат сите детали од договорот. Станува збор за петгодишен договор на што Кристенсен начелно се согласил.

Откако официјално ќе потпишат со Кристенсен кој на „Камп Ноу“ би дошол како слободен играч, челниците на Барселона ќе тргнат по уште три нови засилувања.

Каталонскиот тим планира да донесе уште еден играч од Челси на кого му истекува договорот на лето, Сезар Аспиликуета. Покрај двоецот на Челси, управата на Барселона ќе се обиде да се договори и со играчот на Милан, Френк Кеси како и Нуасир Мазрауи.

На сите фудбалери договорите им истекуваат на крајот од сезоната и на „Камп Ноу“ би пристигнале бесплатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот