Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Барселона го сака Жељко Обрадовиќ за нов тренер

Според „Л’Спортиу“, чии информации ги пренесува Мундо Депортиво, шпанскиот кошаркарски клуб Барселона сега разгледува опција што до неодамна изгледаше речиси незамислива – доаѓањето на Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата.

Откако се појави информација дека Чави Пасквал практично решил да го напушти клубот на крајот од сезоната и да се пресели во Дубаи, каталонскиот гигант почна да разгледува алтернативи.

Меѓу нив, имињата што се издвоија во последните денови се Ибон Наваро, сегашниот стратег на Уникаха, со кого Барселона наводно веќе имала прелиминарен договор, како и Василис Спанулис, поранешниот тренер на Монако.

Но, според најновите вести од Шпанија, Барселона би можела да добие сосема нова насока во потрагата по главен тренер за сезоната 2026/27, бидејќи во игра влезе име што би ја потресло целата Евролига – Жељко Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот