Барселона го гаси пожарот, Чави ќе го наследи Кике Сетиен на клупата
Поранешниот капитен на каталонците, Чави Ернандез ги договори условите со Барселона под кои ќе седне на клупата.
Според пишувањето на шпанските медиуми, Чави треба да заработува по шест милиони евра година, а ќе седне на клупата на местото на Кике Сетиен кој ја загуби контролата над соблекувалната, а во исто време е и на удар на навивачите поради очајните игри.
Препорачано
Доаѓањето на Чави на тренерската функција во Барселона до поддржале и фудбалерите предводени од Лионел Меси, Луис Суарез и Жерар Пике како лидери во соблекувалната.

Според „Мундо Депортиво“ се е договорено помеѓу Чави и управата на Барселона, а се чека само на официјализација на соработката.
Весникот во прилог на ова тврдење потенцира дека Меси во последните неколку дена најавуваше, а денеска и го стори, одби да преговара за нов договор со што сакаше да изврши притисок врз управата да го смени тренерот Кике Сетиен.
Чави Ернандез се враќа на „Камп Ноу“ по пет години, тој во 2015 години ја напушти Барселона по 17 сезони и се преслеи во Ал Сад каде од минатата година е и главен тренер.


