Барселона глуми дека е заинтересирана за Нејмар – Слободен печат
СпортФудбал

Барселона глуми дека е заинтересирана за Нејмар

Француски весник дека сагата околу Бразилецот е само игра.

Бразилецот Нејмар е главната ѕвезда во летниот преоден рок во фудбалска Европа. Нејмар секојдневно ги полни страниците поради евентуалниот трансфер во Барселона или во Реал Мадрид, секојдневно се лицитираше неверојатни суми но засега тој останува член на ПСЖ.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел изјави дека Нејмар може да си замине од францускиот шампион само доколку претходно се најде замена за него.

Но, денеска францускиот „Ле Паризиен“ смета дека сево ова е обична фарса. „Ле Паризиен“ притоа ја обвини Барселона дека глуми и го „лажира“ својот интерес за Нејмар.

Според весникот, Барселона креирала лажна слика во јавноста дека навистина сака да го врати Нејмар, а сето тоа го прави за да ја смири првата ѕвезда Лионел Меси.

Наводно Меси му рекол на тренерот Ернесто Валверде дека сака да го види Нејмар на „Камп Ноу“, по што челниците на Барселона пласираа во јавноста информации дека се заинтересирани за Бразилецот, но никогаш не упатиле официјална понуда до ПСЖ.
Барселона намерно во неофицијалните преговори нудела фудбалери кои знаеле дека францускиот тим нема да ги прифати како дел од трансферот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close