Барселона ги повлекува медалите дадени на Франко

twitter/barcelona.cz

Членовите на Барселона на годишното собрание на клубот донесоа одлука да ги повлечат медалите дадени на Франциско Франко. На шпанскиот диктатор му бил доделен комеморативен златен медал за Copa del Generalisimo 1951 година, потоа комеморативен златен медал за отворањето на салата Блауграна во 1971 година и јубилеен златен медал во 1974 година.

Бордот на директори на Барселона ја започна процедурата за повлекување на медалите во февруари годинава, а за конечната одлука мораше да се чека на годишното собрание на клубот. На него, со дури 671 глас за, само два против и седум отсутни беше донесена одлука да се повлечат медалите дадени на Франко.

– Подобро ова да се случи подоцна отколку никогаш. Оваа одлука е во чест на нашите родители и претци кои патеа за време на диктатурата под Франко – изјави претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот