Барселона доби финансиска инјекција од продажбата на ТВ правата, па конечно ги потврди потписите со првите две засилувања

Фото: Twitter/FC Barcelona

Барселона иако уште пред неколку месеци ги договори сите детали, дури денеска ги претстави Френк Кеси и Андреас Кристенсен како нови фудбалери на каталонскиот тим.

Барселона и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска уште во март се договорија, но каталонскиот тим не можеше да го регистрира Кеси поради финансиските проблеми во кои се наоѓа.

Но, со продавањето на ТВ правата за Ла Лига за 207 милиони долари, Барселона доби финансиска инјекција со која конечно може да го претстави Кеси како засилување за следната сезона.


Кеси на „Камп Ноу“ доаѓа од Милан каде беше еден од најдобрите играчи на „росонерите“ во освојувањето на титулата во Серија А.

Во Барса ќе има три пати поголема плата од таа што ја имаше во Милан, а во клаузулата изнесува дури 500 милиони евра.

 

 


Освен Кеси, Барселона го потврди потписот и со уште еден фудбалер со кого се договори пред неколку месеци, тоа е Андреас Кристенсен кој доаѓа од Челси.

Кристенсен потпиша четиригодишен договор со Барселона, а откупната клаузула како и таа на Кеси изнесува дури 500 милиони евра. Официјалната промоција на првите две засилувања за Барселона за следната сезона ќе биде в четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот