Барсагејт: Бартомеу пуштен од притвор

Хосеп Марија Бартомеу /Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу и неговиот поранешен советник Жауме Масферер се пуштени на слобода, откако минатата ноќ ја поминаа во притвор.

Бартомеу како и неколку поранешни функционери на Барселона, вчера е уапсен во полициска акција која е поврзана со аферата „Барсагејт“. Денеска Бартомеу е пуштен условно на слобода, исто како и неговиот поранешен соработник.
„Истражниот суд во Барселона во повод случајот кој е покренат во мај 2020 година поради нелојална администрација и корупција во работењето, сослушани се поранешните раководители на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу и Хауме Масферер. Тие двајца се наоѓаат под истрага, се изведени денеска пред судија и се повикаа на своето право да не сведочат. Судијата потоа ги ослободи со кауција“, стои во соопштението на Судот во Барселона.

Истрагата е покрената поради сомнежите оти Бартомеу плаќал фирми кои на социјалните мрежи би го нарушувале угледот на поранешни и сегашни фудбалери на Барселона, а меѓу нив е и Лионел Меси, кои не се согласувале со политиката на поранешниот претседател.

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот